Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПОВТОРНО НА ВРВОТ: „Егзит“ изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа!

Музика

ПОВТОРНО НА ВРВОТ: „Егзит“ изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа!

Осма година по ред, EXIT е изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа и тоа во главната категорија на престижните Европски фестивалски награди (European Festival Awards), за најдобар голем европски фестивал!

На основа на повеќе од милион гласови од над 60 земји во светот, EXIT го потврди статусот на еден од водечките европски фестивалски гиганти како што се британскиот Glastonbury, данскиот Roskilde и белгискиот Tomorrowland.

EXIT Авантурата бележи уште еден голем успех бидејќи нејзиниот фестивал, Revolution во Темишвар, исто така влезе во финале и тоа во две категории! Ако судиме по искуството на Sea Dance фестивалот кој наградата ја освои во 2014 година, новиот фестивалски „Оскар“ за EXIT Авантурата би можел овој пат да стигне во Темишвар, бидејќи и Revolution фестивалот, покрај својата основна, номиниран е и во категоријата Најдобар нов фестивал.

Истовремено, програмскиот директор и ко-основач на EXIT фестивал, Иван Миливојев, номиниран е во категоријата за исклучителност и посветеност во работата (Award for Excellence and Passion)! Најбараниот британски рапер и ѕвезда од овогодишниот EXIT фестивал, Stormzy, кој во духот на своето име ја освои музичката сцена, е главен фаворит на Најдобра нова ѕвезда.

Победниците ги избира публиката од цела Европа, заедно со EFA жирито, составено од истакнати поединци од светот на фестивалската индустрија, а листата на сите финалисти можете да ја погледнете на официјалната интернет страница на Европските фестивалски награди. EXIT оваа награда ја освои во 2013 година, а секоја следна беше меѓу првите три, додека Sea Dance престижната награда ја освои во 2014 година по своето прво издание!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.