Музика
Познати првите финалисти на Евровизија 2022: Овие 10 земји добија најмногу гласови
Во вторникот вечерта, на 10 мај, се одржа првото полуфинале на Евровизија, а претставниците на 17 земји дадоа се од себе за да се пласираат во финалето.
Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Да потсетиме, во првото полуфинале на Евровизија настапија 17 земји учеснички. Со свои песни се претставија Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.
Македонија настапува 11. во второто полуфинале, на 12 мај, заедно со Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.
Во финалето, в сабота , покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија, Шпанија и Англија.