Музика
Познатиот јутјуб канал „FBE“ направи реакција на песната „Proud“ на Тамара Тодевска (ВИДЕО)
Јутјуб каналот „FBE“ кој има над 19 милиони следбеници објави видео во кое Американци го даваат своето мислење за песните од Евровизија.
Еден од коментаторите е и Ненад, кој вели дека е од Македонија и дека последните 10 години не гледал Евровизија.
Американците кои коментираат за песната на Тамара Тодевска „Proud“, која заврши на седмото место, велат дека е „прекрасна песна“, „моќен глас“, „таа е навистина добра“ и „ме потсетува на песните од Дизни“.