Red Hot Chili Peppers го најавија враќањето со нова песна од престојниот албум
Популарниот рок бенд „Red Hot Chili Peppers“ го објави првиот сингл од нивниот нов албум кој го подготвуваат за април. Песната се вика „Black Summer“.
Ова е всушност првата песна на бендот откако гитаристот Џон Фрусијанте повторно се приклучи на поставата во 2019 година.
Новиот албум на бендот „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни.
-Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови, колективно и индивидуално, исполнувајќи го нашиот занает и докажувајќи се еден на друг, да го направиме најдобриот албум што можеме. Сакаме да го осветлиме светот, да го подигнеме, да се поврземе и да ги зближиме луѓето. Секоја од песните на нашиот нов албум „Unlimited Love“ е наш аспект, кој го одразува нашиот поглед на универзумот – се вели во соопштението на бендот.
Новиот сингл пристигнува пред претстојната турнеја на Red Hot Chili Peppers, која започнува на 4 јуни од Севиља, Шпанија.