Музика
Се исполни големиот сон на Антониа Гиговска: На 3. март голема промоција на нејзиниот деби-албум во „Скопје Сити Мол“!
И конечно дојде време, еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска се исполни. На 3. март, Антониа и официјално ќе ви го претстави нејзиниот прв албум, на кој ќе се најдат сите нејзини 15 композиции.
Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена таа.
На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на големиот Кире Костов.
Промоцијата на албумот на 3. март ќе биде на првиот кат на трговскиот центар „Скопје Сити мол“, каде ќе биде организирано и дружење со Антониа и сликање, а она што е најважно, верните фанови албумот ќе го добијат бесплатно и тоа на усб-картичка со ликот на Антониа и насловот на песните.
„Би сакала да ве повикам сите оние кои што вистински ја сакате и слушате мојата музика, да дојдете на мојата промоција на мојот прв албум „2001″ и да се дружиме во „Скопје Сити Мол“ на 3. март на главниот влез во 18:00 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и ќе си добиете по едно албумче! Се надевам дека ќе ве видам во што поголем број“ – порачува младата ѕвезда.
Инаку на промоцијата ќе има и кутија за собирање паричини средства за младото момче Лео.
„Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба и собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео. Да му помогнеме да застане на нозе и повторно да се радува на животот“ – вели Гиговска.