Српскиот пејач Ненад Цвијетиќ познат по ноќните журки во Белград објави спот за новата балада
„Додека цел свет носи маски, постои едно место каде тие секогаш биле и ќе бидат забранети – а тоа е љубовта“ – вака ја започнува приказната за својата нова балада Ненад Цвијетиќ, талентираниот поп пејач кој веќе деценија наназад е синоним за добра ноќна забава и најдобри журки во Белград.
Поради неговата силна енергија, харизма, моќен вокал и одличната атмосфера која ја создава, за неговите настапи во живо во најпопуларните белградски клубови секогаш се бара карта повеќе. Паузата од клупските настапи пејачот ја искористи за нов предизвик – собирање на тим музички стручњаци и снимање на албум, чие објавување се планира на крајот на годината. Ненад одлучи овој пост-корона период симболично да го започне со објавување на една од најемотивните нумери од тој албум, под назив „Маски“, за која сними и видео спот.
„Станува збор секако за метафора која се однесува на емотивно разоткривање и искажување на љубов, бидејќи баладата говори за несреќна заљубеност на еден маж во жена која не ја симнува маската на ладнокрвност“- вели Ненад Цвијетиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=XrBaHJ9w-RQ
Песната и спотот настанале во продукцијата Skymusic Entertainment, музиката ја компонирал Млаѓан Динкиќ, текстот е дело на Саша Милошевиќ Маре, додека аранжманот го направил Бојан Васиќ. Ова авторска екипа потпишува бројни хитови на српската музичка сцена, кои бројат повеќе стотина милиони прегледи на јутјуб, па Цвијетиќ не се сомнева дека и баладата „Маски“ ќе стане голем регионален хит.
Публиката веќе имала можност да се увери во неговите вокални способности на почетокот на оваа година, кога тој го објави првиот хит „Верна и неверна“, на кој се потпишани истите автори, и кој за краток период достигна три милиони прегледи на јутјуб.