ТАМАРА: „Многу сум горда на мојата држава и моите луѓе“ (ВИДЕО)
Тамара, и ние сме горди на тебе! <3
На вчерашната втора полуфинална вечер, Тамара Тодевска настапуваше под реден број 17 со песната „Proud“ и ја однесе Северна Македонија во финалето на изборот за песна на Евровизија.
По изведбата и по прогласувањето на државите кои ќе влезат во финале, Тамара имаше прес конференција и ги покажа своите први импресии.
– „По шест години Македонија е во финалето. Ние сме многу горди, дечки. Јас сум многу горда, јас сум многу среќна. Сакам да се заблагодарам на мојот тим. Ве сакам. Направивте неверојатна работа. Јас сум горда на мојата држава, на моите луѓе“ истакна пејачката.
Тамара во сабота ќе настапи осма на евровизиската сцена, па и посакуваме среќа.
https://www.youtube.com/watch?v=3A65lXLNZfk