Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тамара Волческа со маестрален настап ја освои дебитантската сцена на Макфест

Музика

Тамара Волческа со маестрален настап ја освои дебитантската сцена на Макфест

Тамара Волческа, позната по својот длабоко емотивен израз и способноста да допре до срцето на својата публика, на овогодинешниот Макфест се претстави со новата песна „Кажи ми да знам“.

Оваа песна не е само уште еден хит во нејзиниот музички опус, туку носи посебно значење – таа претставува интимна катарза и симболичен крај на едно поглавје во нејзиниот живот. Со „Кажи ми да знам“, Тамара ја затвора вратата на една недопишана приказна, полна со неодговорени прашања и несигурности кои ја следеле со години.

„Кажи ми да знам“ претставува крај на еден дел од нејзиниот живот, едно емотивно растоварување и затворање на минатото. За Тамара, ова не е обична песна, туку музички дневник, искрен израз на сите оние скриени и несподелени емоции кои ја обликувале нејзината душа. Таа преку стиховите ја изразува својата долгогодишна борба да пронајде одговори и да разбере зошто некои приказни остануваат без крај, зошто некои прашања не наоѓаат одговор, и зошто некои соништа исчезнуваат како да никогаш не постоеле.

Преку оваа изведба, Тамара не само што ја заокружува својата мината фаза, туку и ја отвора вратата за нови почетоци и креативни предизвици. Оваа песна е нејзиниот начин да се збогува со сè што било премолчено, да се раздели со тоа што било дел од нејзината приказна досега и да создаде простор за нови соништа.

– Благодарна сум на целата организација на Макфест и шансата да сум дел од овој фестивал (воедно за мене прво фестивалско искуство). Благодарна сум на малата Лена која е моја братучетка, а член на Dancers United, добитничка на бројни награди на меѓународни и домашни натпреварувања во категорија Латино танци. Сестра ми е човекот кој ни помогна да ја реализираме целата кореографија, познавајќи ме мене и значењето на песната што ја пеам и пораката која ја испраќам. И се разбира, сето ова не би звучело толку комплетно и бурно да не беше аранжманот на Јордан Манов кој веќе добро знае што точно да прави со моите текстови – вели Тамара.

„Кажи ми да знам“ е приказна за прифаќање на она што било, но и за решеност да се зачекори во непознатото. Со оваа песна, Тамара ја симнува последната тежина од своите плеќи и започнува ново патување, отворена за нови соништа, нови песни и нови предизвици.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.