Музика
Тејлор Свифт објави нов видео спот за крајот од европската турнеја
Тејлор Свифт ја заврши европската етапа на нејзината турнеја „The Eras Tour“ со објавување на нов спот.
Иако многу фанови се надеваа дека Свифт ќе објави реиздание (т.е. ТВ, верзија на Тејлор) на еден од нејзините најпопуларни албуми, „Reputation“, тоа не се случи, туку тоа беше само музичко видео за песната „I Can Do It With a Broken Heart“ од последниот албум „The Tortured Poets Department“.
Видеото се состои од клипови од турнејата, како и досега невидени сцени од бекстејџ и проби.
Свифт ја продолжува својата турнеја во Северна Америка, каде во декември ќе ја заврши во Канада, а дотогаш има пауза од два месеци.
Американската музичка ѕвезда се врати на лондонскиот стадион „Вембли“ – каде што веќе одржа три концерти во мај – на пет концерти, откако ги откажа концертите во Виена, каде властите спречија планиран терористички напад.