Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Tрпчески, Петренко и Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон одушевија и во Загреб

Музика

Tрпчески, Петренко и Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон одушевија и во Загреб

Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис.

На турнејата што започна на 2 октомври во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, а продолжи во петокот во Братислава, Словачка, Трпчески учествува во изведбата на Концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Григ. Диригентската палка му е доверена на уметничкиот директор на Оркестарот, маестро Василиј Петренко, со кој нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека британскиот печат ги нарекува „тим од соништата“.

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар со Трпчески и Петренко синоќа (9 октомври) продолжи во Вроцлав, Полска, за на 12 октомври да заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.