Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УШТЕ 10 ДЕНА ДО EXIT: Програмата уште погласна со Хладно пиво, Ван Гог, Рундек и многу други!

Музика

УШТЕ 10 ДЕНА ДО EXIT: Програмата уште погласна со Хладно пиво, Ван Гог, Рундек и многу други!

Започна одбројувањето до фестивалот, а на Петроварадинската тврдина пристигнуваат гласните гитари и рифови за големата прослава на две децении на Егзит (Exit)!

Фестивалското лето во Србија веќе започна, а двократниот европски шампион на својот список со настапи од 8 до 11 јули додава силни регионални имиња. Во Нови Сад, по „Сабатон“ и „Лајбах“, пристигнуваат уште 45 нови изведувачи кои ги предводат „Хладно Пиво“, Рундек и неговиот состав „Екипа“, „Ван Гог“, Марко Луис, „Атеист Рап“ и „Лав Хантерс“ (Love Hunters). Цврстата регионална струја ќе даде дополнителна ширина на програмата на фестивалот која ја предводат Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Нина Кравиц, Пол Калкбренер, Соломун, Амели Ленс, Масео Плекс, Џонас Блу, Робин Шулц, Асаф Авидан, Сатори, Борис Брејча, Хани Дижон, Хот Синс 82, Медуза, Шек Вес и многу други.

Гитарите на Егзит добиваат засилување од низа генерациски влијателни регионални изведувачи. На Главната бина пристигнува „Хладно пиво“, еден од најпознатите музички состави на овие простори, кој во кариерата помина пат од андерграунд борец до бенд кој ги освојува самите врвови на топ листите. Со секој албум овој бенд ги проширува своите жанровски рамки, а во Нови Сад пристигнуваат со најголемите хитови, вклучувајќи го и новиот „Carpe Diem“. Големиот Дарко Рундек ќе се појави на Главната бина во придружба на „Екипа“, и ќе ги отсвири песните од сите фази на неговата работа, од „Хаустор“ до денеска. Музичкото патување на белградскиот состав „Ван Гог“, трае веќе 35 години, а по 10 албуми, тие и понатаму се голем магнет за публиката на Егзитовата Главна бина.

„Фјужн“ бината ќе претстави низа одлични регионални имиња, како што се еден од најталентираните и најпродуктивните кантавтори од овие простори Марко Луис (Marko Louis), култниот новосадски панк-рок бенд „Атеист рап“ (Atheist Rap), свежите победници на „ХЕМИ“ музичките награди „Коала Војс“ (Koala Voice) и „Деф Радио“ (Deaf Radio), српските финалисти на истото натпреварување „Догс ин Кавала“ (Dogs in Kavala), познатиот новосадски хард-рок бенд „Лав Хантерс“ (Love Hunters), унгарскиот Фран Палермо, потоа „Неми песник“, „Инстант карма“, Иван Јегдиќ, „Есма’с бенд некст генерејшн“ (Esma’s band next generation), како и подебниците на конкурсот Play@Exit – четирите одлични авторски бендови – „Норвешка шума“, „Кени није мртав“, „Д Петинг Блус“ (The Petting Blues) и „Бас и стега“ (Bas i stega).

ЕГЗИТ, како дел од Обединетите фестивали на Србија, доби согласност од Кризниот штаб да се одржи ова лето, следејќи го безбедносниот протокол „Safe Events Serbia“, втемелен на најновите научни истражувања спроведени ширум Европа. Со контролиран и ограничен влез на оние кои се вакцинирани, имаат антитела по прележан вирус Ковид-19 или се негативни на ПЦР или на брз антигенски тест, ризикот од ширење на заразата на фестивалот ќе биде занемарлив, а се проценува дека со применување на овие мерки ваквите настани стануваат најбезбедните места за собири во земјата.

Големата прослава на 20-годишнината на ЕГЗИТ фестивал ќе биде одржана од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а своите настапи веќе ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња, како што се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Сабатон, Нина Кравиц, Џонас Блу, Пол Калкбренер, Тајга, Соломун, Амели Ленс, Масео Плекс, Денис Султа, Диџеј Топик, Робин Шулц, Асаф Авидан, Борис Брејча, Хани Дижон, Хот Синс 82, Медуза, Пол ван Дајк, Артбат, Шек Вес, Лајбах, Амира Медуњанин, Буч Кесиди и многу други.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.