Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уште едно изненадување! Погледнете кои музички ѕвезди Music Awards Ceremony (MAC) ги носи во Арена

Музика

Уште едно изненадување! Погледнете кои музички ѕвезди Music Awards Ceremony (MAC) ги носи во Арена

Music Awards Ceremony (MAC), манифестација која ја организира Skymusic, продолжува да ја изненадува публиката со најавата за нови настапи на најголемите музички ѕвезди во регионот.

Најголемата регионална церемонија на доделувањето на музичките награди ќе се одржи на 25 и 26 јануари во белградската Штарк Арена, кога на едно место ќе бидат собрани најголемите музички ѕвезди од овие простори – претставници на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап/хип-хот, светска музика и фолк музика ќе настапат на првиот ден од церемонијата, додека најголемите музички идоли трап, дрил, балкан дрил, урбана поп и поп-фолк музика се резервирани за вториот ден од манифестацијата.

Уметницата која долги години е присутна на поп-рок сцената, а која со својата евровизиска песна авангардата ја претвори во мејнстрим промовирајќи ја концептуалната уметност, Констракта, на задоволство на многубројната публика, се најде на листата на изведувачи за 25 јануари. Да потсетиме, по меѓународно забележливиот настап што таа и Земља грува го имаа во рамки на Евровизија, цел свет зборуваше за нивниот, дотогаш невиден, уметничко-сценски перформанс, а песната „In corpore sano“ со која настапи на натпреварувањето за песна на Евровизија денес брои повеќе од 40 милиони прегледи на светските стриминг сервиси. Констракта свое претставување имаше и на меѓународната сцена преку серија интервјуа за странски медиуми како Њујорк тајмс, Индипендент, Гардијан, Метро, Сан и многу други.

Истиот ден ќе настапи и еден од најголемите боеми и регионално најпопуларни изведувачи на фолк музика со армија фанови кои надминуваат милионски бројки, Ацо Пејовиќ. Пејачот, кој летово распродаде дури пет концерти на белградски Ташмајдан, ветува одлична забава и ги кани сите свои фанови да бидат присутни на лице место на 25 јануари и со тоа да учествуваат во испишувањето на уште една страница од историјата на MAC.

Изведувачот кој ја освојува публиката од целиот регион со своите уникатни теми и специфична боја на глас, Саша Матиќ, пред својот белградски солистички концерт закажан за 8 март во организација на Skymusic, ќе настапи и на првиот ден од MAC манифестацијата, 25 јануари. Познат по бројните соработки и дуети, како онаа со Јелена Карлеуша, Александра Пријовиќ, Цеца, Северина, Јелена Розга и многу други, не ја исклучува можноста уште еднаш да нѐ изненади со својот настап во Штарк Арената.

Организаторите најавија бројни новости во споредба со претходните две изданија на MAC церемонијата, повикувајќи ги фановите редовно да ја следат официјалната страница на Инстаграм, каде што ќе ги објавуваат сите актуелни настани во врска со MAC 2023 манифестацијата. Така, во претходните денови следбениците имаа можност да учествуваат во различни активации и да освојат билети за најголемиот музичко-сценски спектакл во регионот, но и секоја вечер во 21 часот да видат кој од изведувачите го потврдил своето доаѓање во MAC во јануари.

За потсетување, MAC пред неколку дена ги објави имињата на првите изведувачи кои ќе настапат на свеченоста, а меѓу избраните се најдоа и миленичката на регионот и една од најголемите поп ѕвезди – Јелена Розга, која ќе настапи на 25 јануари, како и најголемите музички ѕвезди на трап музиката – Војаж, Теодора, Зера и Црни Церак, кои си го добија својот ден на третото издание на MAC, на радост на бројните приврзаници и љубители на овој музички правец. Нивните настапи се резервирани за вториот ден од церемонијата, 26 јануари.

Билетите за MAC спектаклот по промотивни цени за првите сектори, фан пит и ВИП влезниците со попуст од дури 70 отсто се достапни преку бесплатната апликација eFinity, веб-страницата efinity.rs и на билетарницата на Штарк Арена.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.