Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Васил Гарванлиев останува претставник за Евровизија 2021!

Музика

Васил Гарванлиев останува претставник за Евровизија 2021!

Васил Гарванлиев останува претставник за Евровизија 2021!

Според  јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев.

Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа од причини добро познати за сите нас, предизвикани од светската пандемија со новиот корона вирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу.

Четириесет и една земја веќе се подготвуваат за Евровизија 2021, за која се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18-ти, 20-ти и 22-ри мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од дваесет земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година.

Со оглед на непредвидливата состојба со корона вирусот, а со цел да го осигура одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено одвивање на натпреварот дури и ако се неопходни промени во последен момент. Тоа може да подразбира одржување на шоу со примена на протоколи за социјална дистанца и лимитиран број на публика, интернационален прес и членови на делегациите. 

Без оглед на тоа дали ќе биде можно или не патување и присуство на делегациите во мај во Ротердам, сите земји учеснички имаат обврска претходно да обезбедат снимка од настап во живо на својот претставник, кој во секој момент ќе им биде на располагање на организаторите за емитување.

Македонската Радио Телевизија пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 27-ти јануари 2021 година.

Демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозиции, треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална и хармонска линија.

Јавниот повик е достапен на веб страницата на МРТ, преку следниот линк: http://mrt.com.mk/node/60250

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.