Вечерва започнува Евровизија, Тамара ќе настапи во втората полуфинална вечер
Вечерва започнува 64-то издание на изборот на песна за Евровизија, кое ќе се одржува во Тел Авив и ќе трае до сабота, кога ќе се избере победникот на годинашното издание.
Ова е трет пат Израел да биде домаќин, претходно во оваа земја се одржувала Евровизија во 1979 и 1999 година. Водители ќе бидат Ерез Тал, Бар Рефаели, Аси Азар и Луси Ајоб.
Оваа година, 41 земја ќе ја претстави својата песна, а за првпат Бугарија и Украина нема да се натпреваруваат.
Според обложувалниците, фаворити од првата вечер се Кипар, Австралија, Исланд и Грција.
Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претстави Северна Македонија во втората полуфинална вечер во четврток.