Во финалето Тамара ќе настапи под реден број осум
Тамара Тодевска со песната „Proud“, влезе во големото финале од изборот на песна за Евровизија кое ќе се одржи утре со почеток во 21 часот.
Вчеравечер на официјалната прес конференција Тамара го извлече редниот број 8 и ќе настапи осма на финалната вечер.
По пласирањето во финалето, на својот Инстаграм профил се огласи нејзината сестра и пејачка Тијана Дапчевиќ.
Во продолжение еве потсетување од настапот вчера.