Музика
ЗАБАВА ДО ЗОРИ: „Егзит“ отворен со дожд, настап на „Д Кјур“ и порака за спас на планетата (ГАЛЕРИЈА)
Вчеравечер беше соборен рекордот за посетеност на првата фестивалска вечер на фестивалот „Егзит“, кога преку 56.000 луѓе ги поминаа фестивалските порти.
Рекордната вечер во 19 годишната историја на фестивалот беше одбележана со настап на британскиот рок бенд „Д Кјур“.
Почетокот на нивниот настап го одбележа силниот дожд кој ја освежи неколку илјадната публика.
Со огномет и перформанс, традиционално беа отворени 40-те сцени на фестивалот. Пораката која беше упатена од отворањето гласи: „Мир на Земјата, мир со Земјата“ со која организаторите упатија апел за зачувување на планетата. Фестивалот ја слави и титулата на Нови Сад како младинска престолнина на Европа за 2019 година.
Забавата продолжи низ целата тврдина, на 40 бини и до раните утрински часови, со бендови и изведувачи по сечиј вкус. Се слушаа „Maceo Plex“, „Charlotte de Witte“, „Lost Frequencies“, „Carl Cox“…