Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На 12 јули во „Борис Трајковски“: Македонско финале на „Ѕвездите на Гранд“

МК Сцена

На 12 јули во „Борис Трајковски“: Македонско финале на „Ѕвездите на Гранд“

Мегапопуларното музичко шоу и најгледаната програма на регионално ниво во моментов, „Ѕвездите на Гранд“ своето големо финале го закажа на скопска адреса.

На 12 јули во спортскиот центар Борис Трајковски, потенцијалните ѕвезди од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора па дури и Романија, својата шанса за огромен успех ќе ја бараат токму во Скопје.

Помеѓу финалистите и две македонски момчиња кои што пред самиот крај на оваа сезона на грандовите ѕвезди важат за апсолутни фаворити. Филип Божиновски и Ален Хасановиќ.

Досега 60 проценти од вкупниот капацитет на спортскиот центар Борис Трајковски, со купена влезница за финалното шоу на 12 јули, ја потврди својата поддршка за македонските учесници.

Поради огромниот интерес на македонската публика, организаторот на ова грандиозно концертно финале на „Ѕвездите на Гранд“ во Македонија, Балкан Медија, ги пушти во продажба и блоковите 1 и 15. Цената на влезниците за овој простор е 600 денари.

Доколку се одлучите за ВИП уживање или следење на финалето од М3 со ограничени само 50 седишта влезницата ќе ве чини 1500 денари.

За останатите мал број влезници од трибина седење и стоење и партер, влезницата ќе ве чини: 300, 400, 500 или 600 денари и истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на купикарти за се.

Информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви: 072 680803 или 078 234030.

Освен финалистите и нивните изведби, овој целовечерен спектакал со свој настап ќе го збогати и стручното Грандово жири составено од најголемите српски музички ѕвезди. Шабан Шаулиќ, Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Аца Лукас, Драган Којиќ Кеба, Драган Стојковиќ Босанац. Освен стручното жири, свое присуство на грандиозната сцена во Скопје најави и продукциското жири, односно Саша Поповиќ и најголемата ѕвезда на балканските простори Лепа Брена.

Водители на настанот остануваат Сања Кужет и Воја Недељковиќ.

Поради огромниот интерес и можната гужва пред стартот на финалето, но и поради преносот во живо на најголемите телевизиски куќи во регионот, македонскиот организатор Балкан Медија најавува дека вратите на Борис Трајковски ќе бидат отворени 3 часа пред почетокот на финалето.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.