МК Сцена
На 15-ти септември голема забава со Tale Of Us на Средно Водно
Tale Of Us – дуото на современата електронска музичка сцена на 15-ти септември ќе настапи во Скопје на Средно Водно во организација на Win Music Freedom.
Настанот ќе започне од 22 часот, со тоа што локални изведувачи се Ана Мало и Балоски. Билетите за настанот се пуштени во продажба и може да се купат во Кино Карпош, Радио Бар, Баду, Југотон и онлајн преку системот на Мк Тикетс. Цената за првите 300 билети изнесува 800 денари, додека истите потоа ќе може да се набават за 1000 денари. На влез, еден билет ќе чини 1200 денари.
Carmine Conte и Matteo Milleri го сочинуваат дуото Tale Of Us со седиште во Берлин, кој создавааат уникатен модерен електронски звук.
Нивната заеднична приказна започнува во Милано, каде што Karm и Matteo се среќаваат на многу рана возраст. За време на студиите по музичка продукција на Институтот SAE, взаемната љубов кон музиката, како и талентот кој го поседуваат, ќе ги поврзе и ќе го означи почетокот на Tale of Us -„Приказната за нас”.
Влијаниjaта од продукциското творештво на Nils Frahm, Max Richter и Ludovico Einaudi директно се забележуваат во нивниот звук, овозможувајќи им бројни покани од најдобрите светски издавачки куќи. Своето деби во Visionquest го постигнуваат во 2011, по што следуваат изданија за M_nus (Richie Hawtin) како и легендарната белгиска куќа R&S.
Во 2010 година ќе го обележи раѓањето на Life & Death, по што, за само неколку години, заедно со пријатели од Италија, Tale Of Us успеваат да ја трансформираат антолошката етикета на лејблот со невидено темпо. Прераснувајќи во движечка сила зад лејблот, дуото не само што ќе остави трага врз секој слушател, туку ќе успее и да го потресе јадрото на Балеарскиот остров Ибица до сопствената срж.
Со својот амбиентално класичен албум Endless, издаден во март 2017 за Deutsche Grammophon, Tale Of Us, умешно го надминуваат традиционалниот калап за продуцирање електронската музика. Endless претставува доказ за нивната најкомплетна и најискрена “изјава” до сега, во која Karm и Matteo се ослободуваат од стегите на традиционалната електронска музика, навраќајќи се кон своите корени изразени преку владеење на пијано и eno-esque атмосфери.
Преку повеќеориентиран фокус, Tale Of Us ги разбиваат поетските и емоционалните граници на музиката, и тоа со почит и стравопочит кон повеќе сцени и жанрови.