Сцена
На 69-годишна возраст почина Алан Рикман – познатиот професор Снејп од филмската авантура „Хари Потер“
Актерот Алан Рикман почина во 69-та година од животот, по борбата со ракот.
Актерот, најпознат по улогата на Северус Снејп во „Хари Потер“ почина во Лондон, а веста за неговата смрт ја потврдија членовите на неговото семејство.
Рикман стана еден од најпознатите британски актери играјќи негативец – Ханс Грубер во првиот дел од серијалот „Умри машки“ и шерифот од Нотингем во филмот „Робин Худ: Принц на крадците“, за кој во 1991 година ја освои нагадата „Бафта“.
Во филмовите „Догма“ и „Всушност љубов“, се докажа и како талент за комедија. Тој учествуваше и во неколку мјузикли.