Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Џастин Бибер му е продолжен рокот за извршување на казната

Сцена

На Џастин Бибер му е продолжен рокот за извршување на казната

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер е осуден на две години условно и пет дена општествено корисна работа, бидејќи во 2014 година кон соседите фрлал со јајца во Лос Анџелес.

Со оглед на тоа дека пејачот е осуден на пет денови општествено корисна работа и ако тоа не го заврши во определениот рок, ќе биде уапсен.

Сепак, Џастин го повреди глуждот и не е во можност да одработи пет дена социјално корисна работа која опфаќа бришење графити, чистење и друга физичка работа.

Со оглед дека беше повреден, Бибер не се појави вчера на судењето, па поради повредата му е продолжен рокот за извршување на казната иако судијата рече, дека ќе го уапси пејачот, ако не заврши на време.

Освен изречената казна, Судот во Лос Анџелес на Џастин Бибер му наложи на соседите чии куќи биле оштетени од фрлање јајца да им исплати 73.000 долари.

Според зборовите на полицијата, предизвикана е голема штета на куќите кои биле жртви на непримерното однесување на Џастин.

Иако  не изгледа како некое сериозно кривично дело, секако дека е,  затоа што е нанесена сериозна штета.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.