МК Сцена
Најавено 15. јубилејно издание на Пивофест во Прилеп
Општина Прилеп го најави јубилелното 15-то издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп кое оваа година ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
Организаторите велат дека во наредните денови ќе биде објавена музичка програма за фестивалот и останатите детали поврзани со ова јубилејно издание.
Инаку, фестивалот Пивофест стана заштитен знак на градот Прилеп и секоја година привлекува голем број на посетители од цела Македонија, но и соседните земји.