МК Сцена
Најавено 16-то издание на Модниот викенд во Скопје под мотото #StopTheTraffik
Моден викенд Скопје по шеснаестти пат ја најавува престојната сезона и го доближува Скопје до модните трендови и тенденции.
Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ од 22 до 24 октомври, а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври.
Како секоја сезона така и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“.
На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
– „Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигтнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд Купувајте помалку, но одберете внимателно.“, велат организаторите на Моден викенд Скопје.
Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“.
Фотографијата ја потпишуваат „Ани и Дими“. Графички дизајнер на визуелниот имиџ е Дејан Зафировски.