Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На „Браќа Манаки“ 17.500 гледачи, најгледани „Лазар“ и „Платен убиец“

МК Сцена

На „Браќа Манаки“ 17.500 гледачи, најгледани „Лазар“ и „Платен убиец“

Околу 17.500 гледачи ги проследиле настаните на 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржуваше од 18-ти до 27 септември.

Фестивалот донесе двесте филмски наслови во 13 програми кои беа прикажувани во четири сали во Битола. Како што информира ИФФК, најголем интерес од публиката имало за филмовите „Лазар“ на Светозар Ристовски, „Платен убиец“ на Дени Вилнев и „Магбет“ во режија на Џастин Курцел.

На вкупно 22 локации се одржуваа фестивалските настани, вклучувајќи ги и тие од Офф-програмата која имаше 31 содржина (промоции на албуми, концерти, настапи на диџеи…) Во дополнителната програма на фестивалот се одржаа шест мастер-класи, пет работилници, две панел-дискусии, шест презентации, една конференција, три изложби.

– Во организирање на фестивалот работеа 30 луѓе, а за целосната реализација помогнаа и 13 фотографи кои направија архива од 21.000 фотографии, 25 хостеси, 65 волонтери, 20 лица од техниката.   Вкупно 10 награди додели фестивалот, како и една што ја додели Унгарската филмска лабораторија, во износ од 10.000 евра, за режисерот на најдобриот филм во програмата Нов европски филм, Гримур Хаконарсон, соопшти ИФФК.

На фестивалот годинава имаше и 65 студенти од 13 филмски академии и факултети со кои „Браќа Манаки“ потпиша договори за соработка. Фестивалот додели и награда за најдобар студентски филм – „Милевин потиљак“ на режисерот Никица Здуниќ, што на победникот му ја врачи режисерот Милчо Манчевски.

Новини на годинашниот фестивал беа повеќето фестивалски денови,  двете нови селекции – Нов европски филм и СЕЕ Камера, како и онлајн-промоцијата на фестивалот и содржината Manaki Daily за која, наведува организаторот, добиле позитивни реакции  зашто фестивалот можел на интернет да се следи од цел свет.

Партнер на ИФФК и оваа година беше ВИП-оператор кој ја организираше Вип-детската програма со шест филма, кои биле посетени од 2.700 деца.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.