МК Сцена
НА ЧЕКОР ДО ПОБЕДА: Македонките Мартија и Антонија влегоа во суперфиналето на „Ѕвездички“ (ВИДЕО)
Македонија е горда на своите „ѕвездички“ – Мартија и Антонија успеаја да влезат во големото суперфинале на „Пинк ѕвездички“ и со тоа да се натпреваруваат за победа во ова големо хит шоу.
Во финалето на шоуто во кое се одредуваат суперфиналистите, нашата Антониа повторно фасцинираше на сцената на Пинк.
Таа се претстави со песна од Џенифер Хадсон и звучеше и изгледаше како вистинска музичка дива.
– Ти си единствена пејачка во ова шоу која има совршена техника на пеење и совршен глас. Пееш без грешка. Се почувствував како на доделување на некои награди. Секоја ти чест! – беше коментарот на Леонтина по настапот на македонската кандидатка, а кон тој коментар се придружија и согласија сите во жирито.
Antonia Gigovska – And I m Telling You by PinkoveZvezde
Мартија, пак, се претстави со песната „Bound To You“ и со тоа си го обезбеди влезот во големото суперфинале.
Martija Stanojković – Bound To You by PinkoveZvezde
Благодарение на вашите гласови, двете Македонки стигнаа дотука, и благодарение токму на вашите гласови, тие мора да стигнат до целта. Линиите се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за нив на141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C13 – за Антониа Гиговска
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ