МК Сцена
На два дена пред концертот на One Republic распродедени две категории од влезниците
Авалон продукција вчеравечер (два дена пред концерт) информираше дека се распродадени две од четирите категории на билети што беа пуштени во продажба за концертот на One Republic кој ќе се одржи на 1-ви јуни (понеделник) во арената Борис Трајковски.
Од денес веќе нема да ги има во продажба категориите Партер кој се продаваше по цена од 990,оо денари и Фан Пит кој се продаваше по цена од 1500,оо денари.
Инаку на овие две категории отпаѓа најголем дел од капацитетот за овој концерт, според тоа можете да процените дека доколку сакате да го гледате најголемиот концерт за оваа година во Македонија ќе треба сериозно да се потрудите и да побрзате со купување на влезни билети.
Од утре се уште ќе ги има во продажба следниве две категории:
Трибина (седење) – 1200,оо денари и
ВИП Трибина (седење) – 1500,оо денари