МК Сцена
Најголемиот балкански романтичар Жељко Самарџиќ на 5ти август во Охрид
Еден од најголемите балкански романтичари, извонредниот Жељко Самарџиќ кој со своите песни знае да допре до срцата на сите генерации, најавува неколкучасовен концерт во Охрид.
Концертот ќе се одржи на 05ти август 2017, сабота. Локацијата е исто така романтична во склад со неговиот романтичен карактер – прекрасниот Антички Театар во Охрид.
Самарџиќ во Скопје доаѓа придружуван од својот бенд и е подготвен пред македонската публика повторно да ги испее хитовите кои што ја одбележаа неговата кариера, како и неговите поновите песни.
Фановите ќе уживаат евергрините “Грлица“, „Покажи ми шта знаш“, „Безобразно зелене“, „Љубавник“, “Девет хилјада” и многу други постари и понови хит песни.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 05.07.2017 (среда) и истите може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Југотон, Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.