Сцена
На Греми наградите, уметниците носеа бели рози
Во Њујорк синоќа се одржа доделувањето на „Греми“ музичките награди, а уметниците притоа носеа бели рози, додека чекореа на црвениот тепих, во знак на солидарност со движењето „Времето истече” (Time’s Up), која пружа правна и финансиска помош за жртвите на сексуално вознемирување и злоставување.
Текстописецот Дајен Ворен, која вкупно 15-ти пат беше номинирана за „Греми“ награда, не носеше роза, туку бели ракавици со натписи „девојка” и „моќ”.
Исто така, многумина од ѕвездите зачекорија пред фото-објективите во црни тоалети и костими.
Доделувањето на „Греми“ наградите синоќа, првпат по 15 години, се одржа во Њујорк.