Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НАЈЛУДАТА ЖУРКА ОВА ЛЕТО: Ники Ромеро со ексклузивен сет на 1 август во Охрид!

МК Сцена

НАЈЛУДАТА ЖУРКА ОВА ЛЕТО: Ники Ромеро со ексклузивен сет на 1 август во Охрид!

Romero се проби уште на самиот почеток од неговата кариера. Во 2009 година направи неколку одлични миксеви кои резултираа со договор од издавачката куќа „Ministry of sound“ и оттогаш бележи само успеси.

Нумерата со наслов „My Friend“ го издвои од останатите артисти и сите водечки диџеи за релативно краток период ја имаа оваа песна во своите сетови.

Во развојот на својата кариера многу му помогна тоа што стана миленик на најголемиот хитмејкер на 21 век, David Guetta, со кој и често соработува.

Nicky Romero е моментално најбараното име од долгата листа на диџеи од Холандија и прогласен е за еден од најдобрите артисти на престижната топ листа на DJ Mag. Нема фестивал на кој Romero не настапува ова лето, а и оваа година е резидент диџеј на најславните клубови на Ибица. Македонската публика и онаа од целиот регион ќе има шанса за прв пат да ужива во неговите хитови на првото издание на Ohrid Calling што ќе се одржи на први август, на стадионот „Билјанини извори“.

tumblr_neszhmG4ia1u3rs1xo5_1280

Nicky Romero се проби уште на самиот почеток од неговата кариера. Во 2009 година направи неколку одлични миксеви кои резултираа со договор од издавачката куќа „Ministry of sound“ и оттогаш бележи само успеси. Нумерата со наслов „My Friend“ го издвои од останатите артисти и сите водечки диџеи за релативно краток период ја имаа оваа песна во своите сетови.

Во развојот на својата кариера многу му помогна тоа што стана миленик на најголемиот хитмејкер на 21 век, David Guetta, со кој и често соработува, а на листата на соработници тука се додаваат и најпопуларните пејачки како Rihanna, Britney Spears и Sia.

– На Rihanna и` пуштив неколку песни, некои беа малку повеќе во хип-хоп стил, некои беа електронски. Ги слушна сите и рече дека сака да направи комбинација од се`, да спои два света, и така дојдовме до хитот „Right now“- вели Romero за соработката со Rihanna.

Покрај овие имиња, Nicky Romero е соработник и со најпопуларните диџеи во последниве години, како: Tiesto, David Guetta, Calvin Harris, Avicii, Hardwell.

Негови најзвучни хитови се „I could be the one“ со познатиот диџеј Avicii (кој доживеа масовен успех во Европа, особено во Велика Британија, искачувајќи се на првото место на британската топ листа, многу брзо по неговото излегување) потоа „Symphonica“, „Toulouse“, „Let me feel“, „Future funk“ со Nile Rogers…

Успехот на светските топ листи му донесе и улога во филмот „We are your friends“, со младата холивудска ѕвезда Zac Efron во главната улога, како и ЕМИ наградата за најдобар холандски артист.

Nicky Romero live1

Инаку, луѓето се` повеќе му изразија почит откако Romero јавно призна дека има проблем со анксиозност. Во една прилика, тој изјави дека токму David Guetta му помогнал кога имал проблеми на почетокот од кариерата, со позитивен став и со совети кои му помогнале да се избори со проблемите кои му донеле континуирани настапи низ светот, слава, но и големи очекувања од луѓето што го опкружуваат.

Неговиот музички идол е Michael Jackson и Romero токму од него црпи инспирација, иако станува збор за сосема различен музички правец.

– Мојот најголем музички идол е дефинитивно Michael Jackson. Човекот го обожавам. Штета што неговиот живот заврши на таков начин. Исто така ми се допаѓа и музиката на Chris Martin од „Coldplay“, навистина е многу кул тоа што тој го прави- вели Romero.

Најавувајќи нов материјал за оваа година, Nicky Romero вели дека го бара своето место во морето од диџеи и се` поголемата експанзија на електронската музика. Но, се чини дека со новата песна „The Moment“ во тоа и успеа.

– Како и сите други, така и јас го барам своето место на пазарот, со некој поинаков звук што ќе ми се допадне и на мене, но и на публиката. Мислам дека го најдов тоа што го барам, иако станува збор за малку поинаков музички материјал од она што го создавав претходно- вели популарниот диџеј кој ќе го слушаме во Охрид со ексклузивен сет во времетраење од 90 минути.

Romero активно настапува на некои од најпознатите музички фестивали, вклучувајќи ги: Ultra Music, Coachella, Electric Daisy Carnival-Las Vegas, White Sensation и Tomorrowland.

Организатор на првото издание на Ohrid Calling е Авалон продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.