Промо
На првиот ден од прикажувањето новиот филм за Џејмс Бонд заработи 9,2 милиони долари
Најновото продолжение на авантурите на такниот агент Џејмс Бонд, „Spectre“, ги урна сите досегашни рекорди на британскиот бокс офис, соопшти денеска студио „Сони Пикчрс“.
Филмот во кој Даниел Крејг повторно се појавува во улогата на тајниот агент 007, на првиот ден од прикажувањето во Велика Британија заработи 9,2 милиони долари, со што стана „најгледан кино филм во еден вторник“ во британската филмска историја.
Претходното, 23-то продолжение на франшизата за Џејмс Бонд, „Skyfall“ во 2012 година на првиот ден на прикажување во целиот свет заработи 1,1 милијарди долари.
„Spectre“, кој премиерно беше прикажан во понеделникот вечерта во Лондон, доби одлични критики. Неговата премиера во кината ширум светот е најавена за 6 ноември.