Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На стартот на Карпошовото културно лето: Калиопи го „обои“ Карпош

МК Сцена

На стартот на Карпошовото културно лето: Калиопи го „обои“ Карпош

Со прекрасните звуци на „Црно и бело“, „Локомотива“, легендарната „Бато“ и „ Обои ме…со сеќавања“, мегапопуларната македонска и балканска ѕвезда Калиопи вечерва го „обои“ Карпош на самиот старт на годинашното, осмо по ред Културно лето Карпош 2015.

Со триилјадна публика, главно жители на Општина Карпош но и многубројни „гости“ од другите скопски општини, Градот и Републиката, плоштадот „Делфина“ во Влае беше полн како „око“ од љубителите на добра музика и на фантастичната изведба на еден од водечките македонски музички брендови.

Големата културна манфестација која традиционално ја организира локалната самоуправа, ја прогласи за отворена првиот човек во Општината Стевчо Јакимовски кој ги најави претстојните двонеделни уметнички настани, со музика за сечиј вкус, со многу ликовна, театарска и филмска уметност.

-Калиопи е наша карпошанка и мене ми е лично задоволство што во многу соседни држави не препознаваат токму по неа. Наша чест е да ја удостоиме токму таа да ја отвори оваа голема културна манифестација на Карпош, рече Јакимовски, кој нагласи дека Карпош има мноштво уметници кои имаат многу што да понудат од своето творештво и надвор од земјата.

Во прекрасната летна вечер, незаменливата Калиопи во пауза меѓу две песни ја разнежи публиката со своите романтични сеќавања за големата љубов што се родила меѓу неа и нејзиниот Ромео токму тука, во Карпош, на клупите, што е „животна приказна“ и на многумина други млади.

Топло поздравена од секретарот на Општината Бојан Милошевски со букет бели рози, таа до полноќните часови остана со своите фанови да се дружи и да дели автограми.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.