МК Сцена
Најуспешниот македонски пливач „заплива“ и во манекенските води (ФОТО)
Младиот и успешен македонски пливач Љупчо Ангеловски, кој е носител на апсолутниот државен рекорд во дисциплината 50 метри пеперутка, реши да „заплива“ и во манекенските води.
Тој за себе вели дека од секогаш сакал да се пробие и во манекенството, а по оваа успешна фотосесија дефинитивно згодниот пливач ќе го гледаме и како модел.
Инаку Ангеловски е студент на Факултетот за физичка култура и ќе ја претставува Македонија на претстојните Летни олимписки игри кои ќе се одржат во 2020 година во Токио, Јапонија.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата: