Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На велешката Питијада изедени околу 22 илјади пити

МК Сцена

На велешката Питијада изедени околу 22 илјади пити

На 37-те штандови на Питијадата во Велес за два дена потрошени се 21.782 пити и испиени се 4.573 литри вино, информира денеска градоначалникот Славчо Чадиев.

Дванаесеттата велешка Питијада, според Чадиев, ќе биде продолжена и утре поради дождот што ја зафати земјава викендов. Според него, ќе трае до 19 часот, за потоа да се ослободи главната улица на која се поставени штандовите.

Настапот на велешките групи и на пеачите Орхидеја Дуковска и Мики Секуловски е одложен за утре, бидејќи поради обилните врнежи од дожд синоќа не можеа да ги забавуваат присутните.

Концертот на Ју групата „Парни Ваљак“ синоќа се одржа под пороен дожд, поради што наместо со два часа настапија со скратена програма од 70 минути. Концертот и покрај дождот го проследија голем број велешани и гости.

„Жито Маркети“ на посетителите бесплатно им делеше од џиновската пита со димензии на онаа која претходно, дента беше подготвена од велешките пита мајстори и продавана за хуманитарни цели. Питата беше 3,5 метри долга и широка еден метар, подготвена од 30 килограми брашно, 15 килограми месо и 200 јајца.

Денеска на бината настапија играорци од Пехчево, а потоа и од КУД „Коле Неделковски“ од Велес.

Вечерва на велешката „Питијада 2015“ ќе настапат Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов, Фолтин, Калиопи и ДНК.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.