МК Сцена
Над 7.000 дечиња ќе бидат дел од Бадниковата поворка (ВИДЕО)
Според последните информации, најголемата, свечена и најрадосна бадникова манифестација „Бадникови поворки 2018“, утре на ден Бадник, во терминот меѓу 10 и 13 часот, ќе сплоти 7320 деца, во вкупно 25 градови во Македонија, но ова е само официјалната пријавена бројка на деца – учесници.
На поворките децата ќе ја пејат божикната песна „Вечниот бог“ и ќе носат божикни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Ќе носат и специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово. Ѕвездите и божикните пештери ги изработуваа на работилници организирани за оваа намена каде и ја пееја божикната песна.
Во продолжение, се најосновни информации за стартот на Бадниковите поворки за сите градови што ќе бидат опфатени со Поворките оваа година.
СКОПЈЕ: Поворките започнуваат во 11:30 часот од 3 позиции:
1. ул. Македонија (кај Црквата во изградба Св.Константин и Елена)
2. На плоштадот пред Св.Димитрија (кај поранешна стоковна куќа Мост)
3. пред Црквата Пресвета Богородица (на левата страна на Кејот на Вардар).
Од 11:30 до 11:45 децата се подредуваат во долга поворка која тргнува кон Соборниот Храм каде што оваа огромна коледарска дружина предводена од познатите личности ќе биде дочекана и дарувана од дедо Стефан.
Претходно во 9 часот, 50-тина деца коишто се дел од Бадниковата поворка во Скопје, го посетуваат домот на Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, а во 10:30, организирани групи на деца кои бројат од 200 до 600 учесници, ги посетуваат и Градоначалниците на скопските општини.
Еве ја саатницата и почетната позиција на поворките во останатите градови кои во најголем дел ќе завршат во општинските простории каде коледарчињата ќе имаат средба со својот Градоначалник.
БИТОЛА: Почеток 11:30 пред зградата на општина Битола;
ОХРИД: Почеток 10:30 пред Храмот „Св.Георгиј“ Охрид
СТРУГА: Почеток 10:00 пред Црква „Св.Георгиј“ Струга
КИЧЕВО: Почеток 10:30 пред „Св. Апостоли Петар и Павле“
РЕСЕН: Почеток 10:30 пред Црквата „Св.Кирил и Методиј“
ПРИЛЕП: Почеток 10:00 пред Храмот „Св.Кирил и Методиј“
КРУШЕВО: Почеток 10:00 пред Црквата „Св.Никола“
ТЕТОВО: Почеток 11:00 пред Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“
ГОСТИВАР: Почеток 11:00 пред Соборен храм „Успение на Пресвета Богородица“
КУМАНОВО: Почеток 09:15 пред „Св.Никола“
СВ.НИКОЛЕ: Почеток 10:30 пред Црквата „Св.Никола“
ВЕЛЕС: Почеток 11:00 пред „Св.Кирил и Методиј“ (т.н новата Црква во Велес)
ШТИП: Почеток 09:45 пред Соборен храм „Св.Никола“
РАДОВИШ: Почеток 11:00 пред Црквата „Св.Илија“
СТРУМИЦА: Почеток 11:00 пред Црквата „Св.Кирил и Методиј“
ГЕВГЕЛИЈА: Почеток 10:00 пред Црквата „Св.Кирил и Методиј“
НЕГОТИНО: Почеток 12:00 пред Храмот „Св.Атанасиј“
КАВАДАРЦИ: Почеток 10:00 пред Храмот „Св.Петка“
ДЕМИР КАПИЈА: Почеток 10:30 пред „Успение на Пресвета Богородица“
ВАЛАНДОВО: Почеток 10:00 пред Црквата „Св.Димитрија“
БОГДАНЦИ: Почеток 10:00 пред „Св.Атанасиј“
ПРОБИШТИП: Почеток 11:30 пред „Успение на Пресвета Богородица“
КРИВОГАШТАНИ: Почеток 10:00 пред Храм „Св.Димитрија“
МОГИЛА: Почеток 09:30 пред ОУ „Гоце Делчев“
БЕЛОВИШТЕ, ВРАТНИЦА, СТАРО СЕЛО, РОГАЧЕВО – Поаѓање од 10 часот…
За годинашното издание на манифестацијата „Бадникови поворки“ е изработен видео спот за божиќната песна „Вечниот Бог“, во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, во продукција на „Веста“.
– Доживејте вистинска Божикна радост, која ќе ве натера да извикате „Христос се роди“, порачуваат учесниците во спотот.
Бадникарски поворки првпат се одржаа лани во Скопје и во уште неколку градови, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.