Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Награда од филмските критичари за „Кога денот немаше име” на фестивал во Белград

МК Сцена

Награда од филмските критичари за „Кога денот немаше име” на фестивал во Белград

Филмот „Кога денот немаше име” на режисерката Теона Стругар-Митевска ја доби наградата на филмските критичари ФИПРЕСЦИ 23. Фестивал на авторски филм во Белград, соопшти продукцијата Митевски.

Според тричленото жири, македонско-словенечко-белгиската копродукција се одликува со сигурна режија, одлична работа на камерманот и компактна драматургија, кој „наспроти цикличната структура на приказната, во која се знае крајот на самиот почеток, го вовлекува гледачот до самиот крај“.

– Пред нас видовме дистописка, прецизна дијагноза на етнички и социјално раслоено општество, кое кореспондира со нестабилната реалност на Балканот, образложи жирито за филмот за кој пишува и српскиот печат.

Минатата недела, на 11. Мостарски филмски фестивал, кој е специјализиран за глума, наградата за дебитантско остварување му беше доделена на актерскиот анасамбл од филмот „Кога денот немаше име“.

Продукцијата Митевски известува и дека во ноември филмот бил прикажан на шест фестивали низ светот, меѓу кои последниот бил во Каиро.

На 6 декември ќе почне кинодистибуција во Белгија и Србија, а во Словенија киноприкажувањето на редовниот репертоар ќе почне од јануари. За следната година е најавена и кинодистрибуција во Југоисточна Азија и Кина.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.