„Најдоброто шоу“: Хип-хоп спектакл на полувремето на „Супербоул“
Шоуто на полувремето на „Супербоул“ во 2022 година, на кое настапија неколку легенди на хип-хоп музиката, јавноста го нарече љубовно писмо до Лос Анџелес.
Шоуто, одржано на стадионот SoFi во Лос Анџелес, се состоеше од изведби на хип-хоп легендите Еминем, Д-р Дре, Снуп Дог, Кендрик Ламар и Мери Џеј Блајџ, како и изненадување од 50 Cent.
Јавноста на социјалните мрежи, вклучително и легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, го поздравија како „најдоброто шоу на полувремето“. Многумина го пофалија затоа што ја покажа гордоста на Лос Анџелес и буди носталгија.
OMG!!!!!!!!! WOW WOW WOW!!!!!!!! THE GREATEST HALFTIME SHOW IVE EVER SEEN!!!
— LeBron James (@KingJames) February 14, 2022
50 Cent, кој претходно не беше најавен како дел од шоуто на полувремето, ја изведе „In Da Club“. Тој го отвори својот сет наопаку, како во спотот на песната, кој беше објавен во 2003 година.
Еминем клекна додека ја рапуваше песната „Lose Yourself“. Некои сугерираа дека тоа го направил за да врати на НФЛ, која го казни поранешниот играч Колин Кеперник за клекнување за време на националната химна во знак на протест против полициската бруталност и расизмот. Наводно, НФЛ го одбила барањето на Еминем да клекне, но и покрај тоа, тој клекнал.
Сетот кој беше поставен на средината на теренот всушност беше во чест на градот Лос Анџелес.
https://www.youtube.com/watch?v=gdsUKphmB3Y