Настани
28. издание на „Златна бубамара“: Пуштена во продажба нова тура билети
Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети.
Под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“, омилената манифестација со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да ја “апгрејтне” публиката со убавина, смеа и задоволства кои може да ни ги овозможат најпопуларните уметници и општонародни миленици.