Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Белград: Карлеуша и Шерифовиќ бесплатно ќе настапат за дочекот на 2022 година

Настани

Белград: Карлеуша и Шерифовиќ бесплатно ќе настапат за дочекот на 2022 година

Белград: Карлеуша и Шерифовиќ бесплатно ќе настапат за дочекот на 2022 година

Градот Белград објави дека за своите граѓани ќе организира прослава за новогодишната ноќ пред зградата на Собранието, на која ќе настапат Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо.

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ објави дека трите ѕвезди одлучиле да настапат бесплатно.

-Ова ќе биде еден од најдобрите европски дочеци на Нова година. Ќе пејат три големи ѕвезди, не само ѕвезди на нашите простори, туку и регионални, а и европски ѕвезди. На тој начин ќе покажеме како Белград може со нашите пејачи, нашите жени да направи една вистинска светска атракција – изјави Весиќ.

– Немам хонорар, но градот ќе се потруди да добијам во техничка смисла тоа што посакувам, за да можам да изведам концерт кој ќе наликува како концерт на Тајмс сквер во Њујорк. Мислам дека со право можете да очекувате и нешто најдобро во мојата кариера, скоро 30 години ја работам оваа работа и никој до сега не ме повикал и не ме уважил, му благодарам на Горан Весиќ кој тоа го направи и што како белграѓанка, ќе настапам пред мојот град – изјави Карлеуша, која потоа има закажано настап и во еден белградски клуб.

https://www.instagram.com/p/CWGulrJj4hd/

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.