Настани
Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов бенд на 17 ноември во Филхармонија!
Најголемата дива на регионалната шлагер и џез сцена Бисера Велентанлиќ со уникатниот Васил Хаџиманов Бенд во Македонска филхармонија!
На 17-ти ноември Скопје и Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд, соопшти организаторот „Авалон“.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (9-ти октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.500 денари.
Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП влезници, по цена од 2.000 денари.