БОРА ЃОРГЕВИЌ: „Сѐ е во ред – едвај чекаме утре да дојдеме во Скопје“
Велат добрите вести брзо се шират, лошите уште побрзо, но по се изгледа дека лажните вести, најбрзо се шират!
Вечерва во повеќе медиуми беа објавени информации дека фронтменот на „Рибља Чорба”, Бора Ѓоргевиќ бил итно хоспитализиран,
Тој, преку фан страната на Авалон продукција, упати поздрав до македонските обожаватели, испраќајќи порака дека се е во ред, и лична покана на дружење утревечер во 21 часот на двочасовен рокенрол!
Како што може да забележите, вечерва бендот настапува во Крагујевац, а утревечер ни доаѓа во Скопје, по што продолжуваат со својата турнеја во повеќе градови низ Балканот!
– „Се гледаме во 21:00 часот на концерт. Вратите ќе бидат отворени за сите посетители во 20:00 часот.“ – велат од продукцијата.