Настани
Буч Кесиди конечно со голем концерт во Скопје!
После распродадените концерти на Ташмајдан во Белград, Шалата во Загреб, Спенс во Нови Сад и 7 последователни концерти во Сакс во Загреб, со кои го потврдија статусот на моментално најголем млад бенд во регионот, после неколку фестивалски настапи во Скопје и низ Македонија, српското електро – рок дуо Буч Кесиди конечно доаѓа и во Скопје со голем соло концерт на отворено!
„Со задоволство ви го најавуваме првиот голем „open air” соло концерт на реално најголемиот регионален млад бенд, Буч Кесиди во Македонија, на 5-ти јули на Стадион на АРМ, Скопје“, вели организаторот Авалон продукција.
Гласна музика, џускање, еуфорија, светкави костими и заразни битови – со спојот на инди – рок и синт – поп како своевидна друштвена хроника на љубовниот живот на младите и адолесцентите, во 2019 година Буч Кесиди го освојуваат регионот и ги воспоставуваат сингловите ,,Нема љубави у клубу” и ,,Недеља ујутру” како химни на една цела генерација на млади во регионот. Останатото е историја.
Буч Кесиди се единствениот млад бенд кој успешно ги спои ,,андерграундот” и комерцијалното, со што станаа еден од најпотентните бендови во регионот.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (17-ти мај) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории:
Партер – 700 денари
Фан пит – 900 денари