Настани
Бурак Јетер ги носи хитовите кои ја освоија планетата, на големиот Егзитов настан во Струмица!
Бурак Јетер, турскиот продуцент, диџеј и автор на едни од најголемите светски хитови „тешки“ речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“, изминатава деценија ја освојува планетата, радискиот етер и најголемите фестивалски сцени со својата музика, но и со атмосферата и енергијата која ја креира каде и да се појави. По настапот на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал, каде што до утро ги држеше разиграни дестиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист и уште еднаш го потврди статусот на мега-ѕвезда, на 7 септември пристигнува во преубавиот струмички Градски парк на Get EXITed спектаклот!
Растејќи во родната Турција, Бурак Јетер бил успешен студент, по што станал инженер, специјализиран за изградба на автопати. Му нуделе богата кариера во струката, а семејството и пријателите биле горди на него. Меѓутоа, како во секоја филмска приказна за успехот и за остварувањето на својот сон и страст, паралелно тој работел на себе, на својата диџејска вештина, но и продукцијата на звук. По студиите во Турција, го продолжил школувањето во Лондон, каде што станал инженер за звук и со тоа ја отворил вратата кон музичката кариера.
Со музика започнал да се занимава уште како дете. На осум години научил да свири гитара, а потоа и други инструменти. Со заминувањето од Турција станува граѓанин на светот, со постојани преселби и патувања на кои прерасна во врвен музичар. Значајна ставка во неговото патешествие е Малта, каде што настапи на MTV Dance Floor Chart забавата и се стекна со првите значајни фанови и познанства. Десетина години објавуваше песни, одеше на турнеи и ја градеше кариерата, а потоа сѐ кликна во 2016 година. Јетер се посветува на „New world проектот“, кој донесе нова свежина како нему и на неговото творештво, така и на целата глобална хаус и денс музичка сцена.
Со песната „Happy“ фати залет, а потоа во соработка со Данел Сандовал го објавува синглот „Tuesday“, кој беше веројатно најголемиот хит тоа лето, а песната не можевте да ја избегнете на ниедна плажа, кафуле или трговски центар. Во вторник или било кој друг ден. Влезе во листата најпребарувани песни на „Шазам“ за 2017 година, и тоа на планетарно ниво. Само од таа песна и ловориките кои ги заработи, можеше да се повлече на некое мирно место и да не работи веќе ништо до крајот на животот. Меѓутоа, Бурак реши дека неговото гесло во животот мора да биде поместувањето граници и одење понатаму. Токму тоа го препорача со следниот гигантски голем хит „My life is going on“. Во меѓувреме започнаа да пристигнуваат интернационалните пофалби и признанија од музичката индустрија, па така тој се најде и на „Диџеј Маг“ листата на топ 100 најдобри диџеи во светот!
Последните години, се стационира во своето студио во Амстердам, од каде што ја гради кариерата и ги освојува фестивалите и клубовите ширум светот, а на 7 септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, регионалната сензација Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро!
Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој голем настан во организација на ЕГЗИТ фестивалот сакаат да го доживеат на највисоко ниво, во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.