Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Денеска започнува „Пивофест 2022“

Настани

Денеска започнува „Пивофест 2022“

Со настапот на Елена Петреска, денеска во Прилеп, по две годишна пауза, започнува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.

Градот домаќин е веќе подготвен да ги пречека гостите, кои според најавите од хотелиерите и угостителите, ќе ги има, не само од земјава, туку и од регионот, а се очекуваат 100-ци илјади гости, за време на четирите фестивалски денови.

Штандовите се веќе подготвени да ги пречекаат првите гости денес. Ќе се точат над 30-тина видови пиво и ќе се дегустира вкусната прилепска, но и скара од регионот.

Учесниците кои ќе бидат дел од првата фестивалска вечер, веќе од утрово пристигнуваат во Прилеп. Фестивалот стартува во 18:00 часот. По настапот на Елена Петреска, настапуваат групата Балканика од 18:45, потоа следуваат настапите на Нино Величковски во 19:30 часот, Ален Хасановиќ 20:15 часот, Наум Петрески во 21:00 часот, групата Љубојна во 22:00 часот, ДНК во 23:00 часот и забавата од првата фестивалска вечер ќе кулминира со настапот на Џамбо Агушеви Оркестра, точно на полноќ. Веднаш потоа забавата продолжува и на алтернативната сцена со DJ Mario Eddie.

Водители на фестивалот ќе бидат Игор Џамбазов и Маријана Станојковска.

За посетителите, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, дел од булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосница со ул. „Прилепски Бранители“ е затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа. Обезбедени се и над 12.000 паркинг места. Јавниот ред и мир, чистотата, хигиената на градот, водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП „Комуналец“, ќе бидат на беспрекорно ниво.

This slideshow requires JavaScript.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.