Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Доделувањето на „Еми“ наградите e одложено поради штрајкот во Холивуд

Настани

Доделувањето на „Еми“ наградите e одложено поради штрајкот во Холивуд

Церемонијата на доделување на најпрестижните американски телевизиски награди „Еми“ е одложена за четири месеци и наместо во септември ќе се одржи во јануари, бидејќи штрајкот на актерите и сценаристите го парализира Холивуд.

Церемонијата, која е еквивалентна на Оскарите за телевизија, првично требаше да се одржи на 18 септември, а ќе се одржи во средината на јануари 2024 година, објавија во заедничка изјава организаторите, телевизијата Фокс и Телевизиската академија.

„Задоволство ни е да објавиме дека 75-тото доделување на наградите Еми ќе се емитува во понеделник, 15 јануари 2024 година“, изјави портпаролот на американската телевизија Фокс.

Тоа е засега најголемата церемонија од светот на филмот и телевизијата, кој е погоденa од двоен штрајк на сценаристите и актерите, каков што не е забележан во Холивуд од 1960-тите.

Последен пат „Еми“ наградите беа одложени во 2001 година, во контекст на терористичките напади врз САД на 11 септември.

По повеќе од 100 дена штрајк, не е пронајден договор меѓу претставниците на сценаристите и студијата за подобро плаќање на сценаристите со преземање дел од профитот од стриминг или за ограничување на вештачката интелигенција во индустријата. Во јули, актерите се приклучија на протестите на сценаристите.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.