Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Две недели до Егзитовиот спектакл во Струмица: Незапирливиот Џон Њуман пристигнува на големата Get EXITed забава!

Настани

Две недели до Егзитовиот спектакл во Струмица: Незапирливиот Џон Њуман пристигнува на големата Get EXITed забава!

Глобалната поп и соул сензација Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои достигнуваат до самиот врв на водечките топ листи. Единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј, на 7 септември на големиот Get EXITed спектакл пристигнува со хитовите тешки повеќе од 2,5 милијарди стримови и тоа во својот специјален хибриден настап! Жанровски шареноликата програма ја заокружуваат глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и регионалните ѕвезди Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, а влезот е слободен за сите посетители!

Џон Њуман денеска стои зад песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“, „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други, а дури девет негови нумери беа број еден на водечките светски топ листи. Вештината на овој извонреден британски уметник да пренесе длабока емоција низ секоја нота долги години континуирано ги воодушевува фановите ширум светот, а неговата способност да спојува и преплетува различни музички елементи, од поп, соул и електроника, балади и денс хитови, одамна ја освои планетата и се покажа како формула за неговата автентичност и успех.

Уште синглот „Feel The Love“, со кој во 2012 година се придружи на мегапопуларната група Рудиментал, наговестуваше дека зад оваа соработка се крие нова глобална музичка сензација во зародок. Песната стана инстант хит и достигна до прво место на британската топ листа на најдобри синглови, а истата судбина ја имаше и синглот „Love Me Again“ од албумот „Tribute“, со кој Њуман година дена подоцна ја започна својата соло кариера. Веќе неговиот дебитантски албум го претстави изразот на уметничка зрелост, од ритмичките поп нумери до емотивните балади, што резултираше и со прво место на британската листа на најдобри албуми! Во својот втор студиски албум „Revolve“, кој ги изнедри омилените „Come and Get it“, „Tiring Game“ и „I’m Not Your Man“, Њуман ја покажа својата способност да се прилагоди на различните музички стилови, истовремено задржувајќи го својот препознатлив белег и силните влијанија на соул звукот, и со тоа уште еднаш демонстрираше дека не е само моментална сензација, туку сериозен и доследен уметник.

Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид Гета, Калвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго, но и бројни настапи кои ја редефинираат кариерата, како затворањето на Коачела со Калвин Харис, и спектакуларните „лајв“ изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се ЕГЗИТ и Гластонбери. Неодамна ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која предодредена ѝ е судбината на глобален хит и која е прогласена за песна на Тумороуленд фестивалот!

Џон Њуман ќе го обои со емоции и со единствен настап големиот Get EXITed спектакл во Струмица на 7 септември, на кој му се придружува ѕвездена и шаренолика екипа сочинета од глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалната сензација Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и Д Георс.

Влезот на овој голем музички спектакл во организација на ЕГЗИТ тимот и општина Струмица е слободен, додека за посетителите кои сакаат да го доживеат настанот на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.