Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ на 7 и 8 март

Настани

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ на 7 и 8 март

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март со почеток во 20.00 часот на  сцената на Националната опера и балет.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.

Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов.

За првпат во главните улоги на 8 март ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.

Настапуваат солистите,  балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски  бисер.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.