Ексклузивно за 20-тиот ЕГЗИТ – Соломун ќе го затвори EXIT за неговата 20-годишнина во август
Десет години откако на светски прочуената Денс Арена настапи како ѕвезда во подем, Соломун (Solomun) денеска е нејзин симбол и тоа како еден од водечките светски електронски изведувачи. Долги години во низа овој крал на Ибица и своевиден резидент на „ЕГЗИТ“ (EXIT) фестивал не можеше да го затвори фестивалот со својот настап, бидејќи неговите ноќи на шпанскиот остров беа резервирани токму за во недела.
За дваесет години на „Егзит“, прилика која се појавува само ова лето, Соломун ќе го затвори целиот фестивал и тоа со сет од дури четири часа што воедно ќе биде и најдолгиот настап во историјата на Арената! Во вселенската програма која „ЕГЗИТ“ ја подготвува за фановите од 13 до 16 август се придружува уште еден неприкосновен продуцентски гениј, Масео Плекс (Maceo Plex), кој подготвува дури два настапи, едниот самостоен, а другиот како бек-ту-бек со претходно најавените италијански велемајстори „Тејл Оф Ас“ (Tale Of Us)! Со ова е и заокружена фантастичната екипа на Денс Арена која ја сочинуваат Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Борис Брејча, Амели Ленс, Блек Кофи, АРТБАТ, Денис Султа б2б Диџеј Тенис, Дакс Џеј б2б Кобосил и многу други!
Соломун ќе го затвори EXIT за неговата 20-годишнина во август
Младен Соломун на овогодишниот „Егзит“ ќе прослави две годишнини – фестивалскиот дваесетти роденден и десетгодишнината од својот прв настап на Тврдината! Своето деби на фестивалот тој го имаше пред цела деценија, кога, токму на „ЕГЗИТ“ го започна својот поход на светскиот врв! Далечната 2010 година прв пат настапи во секогаш карактеристичниот завршен термин во раните утрински часови, а овој пат доаѓа за затворање, не само на Денс Арена, туку и на комплетниот фестивал, и тоа со неверојатен сет од полни четири часа! Неговата нераскинлива поврзаност со фестивалот на Петроварадинска тврдина потврдена е повеќе пати, а по дебито токму на овој настан неговата кариера молскавично тргна кон врвот, па многу бргу потоа стана една од најбараните ѕвезди на денешницата. Кралот на Ибица, на „ЕГЗИТ“ фестивал неколку пати донесе неверојатни журки, без разлика дали беше во прашање специјалниот формат „Solomun+1“, во вид на соло настап или бек-ту-бек сетовите, еднаш со „Тејл Оф Ас“, а вториот пат со Диксон (Dixon)! Тој е алфа и омега на светската хаус сцена, роден во Травник, а за кој не е доволно да се каже дека е најпопуларниот балкански музичар на светот и кој само во изминатите пар години со завидлива леснотија ја освои целата планета. Неговата непосредност и шарм вткаени се во харизмата која ја дефинира автентичноста на поднебјето од кое не само што никогаш не се откажа, туку со гордост го претстави пред светот во најсовремениот музички израз.
Maceo Plex и Tale of Us на EXIT во ол-стар програмата за август 2020
Без оглед на тоа дали ќе го наречете Масео Плекс, Маетрик или Мареил Ито, овој ултимативен хедлајнер на најголемите фестивали и продуцент на максималниот тек-хаус звук кој самостојно ја промени електронската музика и ги избриша жанровските граници, за „ЕГЗИТ“ повеќе пати повтори дека е еден од најдобрите светски фестивали, дотолку повеќе и истакнувајќи дека тоа е „единственото место на кое тој и ден денеска има трема“. Кубанско-американскиот музичар со моментна адреса во Барселона, со години го држеше диџејскиот пулт во „Спејс“, „Амнесија“ и „Пача“, водечките клубови на парти-епицентарот на светот – Ибица. Во посебната августовска вечер на сцената на митската Денс Арена тој ќе диригира зедно со мајсторите „Тејл Оф Ас“ каде што по поединечните самостојни настапи, ќе се спојат во бек-ту-бек за завршување на програмата.
EXIT фестивал ги собира светските ѕвезди од 13 до 16 август!
Прославата на дваесеттиот роденден на ЕГЗИТ Фестивал ќе се одржи од 13 до 16 август на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Своите настапи веќе ги потврдија Робин Шулц, Амели Ленс, Пол Калкбренер, Соломун, Масео Плекс, Борис Брејча, Артбат, Нина Кравиц, „Тејл Оф Ус“, „Блек Кофи“, „Офенбах“, Бурак Јетер, Диџеј Регард, Рони Сајз б2б Елтиџеј Букем, Медуза, Марсел Детман, „Лајбах“, „Обојени програм“, „Гоблини“, Масимо, Марко Настиќ, „Буч Кесиди“ и многу други, а и нови имиња се очекуваат многу скоро.