Настани
„Електрични оргазам“ во Скопје (ГАЛЕРИЈА)
Вистински подарок во „новата нормалност“ добија скопјани, но и останатите кои вчеравечер присуствуваа на концертот на култниот екс-ју рок бенд „Електрични оргазам“.
Строго беа почитувани мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, на влез се мереше телесна температура и се правеше дезинфекција на рацете, додека присутните беа задолжени да носат маски и да го почитуваат означениот простор за уживање во настапот.
Иако на стадионот собира 10.000 луѓе, беа пуштени во продажба само 1.200 влезници, поради мерките за безбедност, па така публиката беше навистина селектирана и одбрана, со вистинските јубители на овој жанр.
Тридневниот концертен маратон кој „Авалон“ продукција го организира на стадионот на АРМ, продолжува и вечерва со „SKOPJE CALLING MACEDONIA’S FINEST EDITION, со „Фолтин“, „Ласт експедишн“ и „Pluto’s Doubts“.
Утревечер е славеничкиот концерт на Бајага и „Инструктори“, 35 години на сцената.