Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

EXIT завршен во сончево финале и со историски врв на фестивалот!

Настани

EXIT завршен во сончево финале и со историски врв на фестивалот!

EXIT завршен во сончево финале и со историски врв на фестивалот!

Вчера утрото во Нови Сад заврши 19-ти по ред, и по мислење на публиката и бројните изведувачи, досега можеби најдоброто издание на EXIT фестивал.

Во очи на наредната година кога EXIT го слави 20-тиот роденден, регионалниот најголем и еден од водечките светски фестивали го достигна својот историски максимум со бројни параметри. Рекордот на посетеност беше совладан веќе на првата ноќ кога низ капијата на Петрварадинска тврдина поминаа 56.000 од вкупно околу 200.000 посетители кои се распределија на 40 бини и зони од 4-ти јули навечер до 8-ми јули наутро. Никогаш подолгата листа на хедлајнери направи оваа година публиката да ужива на сите бини, а програмата на главната бина го одбележи историскиот концерт на еден од најголемите светски бендови The Cure, кои нивната публика во регионов ги чекаше дури четири децении! Рокенролот се врати на големите врати со американската сензација Greta Van Fleet, чиј исклучително енергичен настап го оправда статусот на групата за која најмногу се зборуваше во последните неколку години.

Американскиот состав The Chainsmokers покажаа зошто важат за една од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, чии хитови, хорски пеени на главната бина, заедно надминаа и десет милијарди YouTube прегледи! Досега на најспектакуларното издание на mts Dance Arena настапуваа водечките ѕвезди од светската електронска сцена. Веќе првата ноќ беше поставен енергетскиот максимум во заедничкиот настап на Carl Cox и Maceo Plex, како и тандемската рапсодија на Solumun и Tale of Us, повеќе од шест часа. Чест да го затвори EXIT и mts Dance Arena ја имаше најбараната техно ѕвезда на денешницата Amelie Lens, која првите овации и скандирање на името го доби по излегување на сцена. Инспирирана од историската група The Prodigy и EXIT фестивал, на самиот крај од беспрекорниот сет ја пушти песната „Firestarter“, во чест на починатиот пејач на групата Кејт Флинт што предизвика општа еуфорија кај публиката и една од најдобрите глетки за затворање на фестивалот.

Дека EXIT не е само музички фестивал, потврдија и Јоко Оно и Новак Ѓоковиќ, со нивните видео пораки до публиката, а во живо на отворањето на фестивалот се огласија и старите пријатели на EXIT, социјалните активисти од северноамериканското племе Standing Rock, чии членови денеска се во првите борбени редови за зачувување на животот на Земјата. Завршната вечер, пред спектакуларниот настап на најдобро рангираните светски DJ-и Dimitri Vegas & Like Mike, популарниot американски мотивациски говорник Хенри Амар укажа на важноста на одржување на менталното здравје и препорача на публика дека сè што бараат веќе го имаат во себе и дека не им е потребно да користат наркотици. Поточно „Да останеме чисти“, големата национална кампања, која Србија ја крена на нозе непосредно пред фестивалот, беше интензивно промовирана на EXIT фестивалот апелирајќи им на посетителите да изберат чист живот без наркотици.

На фестивалот се одржа и трибината „How to start Serbian export office for Art?“, на системски мерки за правење на соодветен амбиент за пласирање на домашни музички таленти на меѓународната сцена, на која учествуваа истакнати поединци од музичка индустрија. Освен посветување на целиот прв ден од фестивалот, во чест на OPENS DAY, титулата на Нови Сад како Младинска престолнина на Европа, EXIT и оваа година на OPENS State of EXIT зоната претставуваше можноста за граѓанските организации да ја претстават својата програма на илјадниците посетители.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.