Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фестивал на храна и вино во Струмица на 7 септември во рамките на Отворен Балкан, во соработка со EXIT

Настани

Фестивал на храна и вино во Струмица на 7 септември во рамките на Отворен Балкан, во соработка со EXIT

Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1-4 септември се одржува во Белград, Владата на Република Северна Македонија на 7 септември, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино во Струмица.

Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.

Спојот на вино, храна и музика е дефиниција за незаборавна забава. На фестивалот со врвна винска и гастрономска содржина, а во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е попладневна програма проследена со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare.

На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.