Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фестивалот на грчки филм по четврти пат ќе се одржи во Скопје и во Битола

Настани

Фестивалот на грчки филм по четврти пат ќе се одржи во Скопје и во Битола

Фестивалот на грчки филм по четврти пат ќе се одржи во Скопје и во Битола. Фестивалската програма, покрај скопската ќе ја погледне и публиката во Битола, градот на филмот, градот на богатата кино-култура, градот на почетоците на балканската кинематографија со Браќата Манаки.

Отворањето на Фестивалот на грчки филм е на 7 април (недела), во Скопје, а во Битола ден подоцна, на 8 април (понеделник) и ќе ја понуди есенцијата на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно 6 филма: 3 долгометражни и 3 кратки филмови.

Филмовите во Скопје ќе бидат прикажани во Кинотеката на Северна Македонија, а во Битола во Кино Манаки.

Амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, поздравувајќи ги присутните на денешната прес конференција и истакнувајќи задоволство поради одржувањето на Фестивалот се осврна на филмот „Жена –убиец“/ ФОНИСА во режија на грчката режисерка Ева Натена.

– Филмот е инспириран од познатиот роман на познатиот грчки писател Алексаднрос Пападијамантис. Тој е еден од најистакнатите грчки писатели, чии дела имаа големо влијание на модерните грчки автори, а неговиот роман се разгледува низ призмата на родовите студии, рече Филипиду.

Во продолжение амбасадорката Филипиду ја најави видео –пораката на Ева Натена, режисерката на филмот која им се обрати на присутните.

– Голема благодарност до организаторите на Фестивалот. Многу сум среќна што филмот ќе се прикажува на Фестивалот на грчки филм во Северна Македонија, би сакала да можам да присуствувам, но тоа е тешко во моментов. Многу важно за мене и моите соработници е што можев да ја опишам траумата на мојата мајка и посакувам сите вистински да го почувствувате филмот, рече Натена, објаснувајќи дека филмот го работела врз основа на истражувања кои траеле десет години.

– Голема радост е кога човек успева да создаде пријателства, во моменти кога тоа изгледа дека не е можно и таму каде изгледа дека нема простор за тоа. Со ваква мотивација, заедно со помошта и влогот на сите мои прекрасни пријатели и колеги од Хеленската република и особено драгите пријатели од Амбасадата на Хеленската Република, создавањето на овој фестивал е чисто задоволство за мене, рече Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова и организатор на Фестивалот, притоа заблагодарувајќи се на недвосмислената поддршка од страна на Амбасадорот на Хеленската Република во Северна Македонија, нејзината екселенција, амбасадорката Софија Филипиду.

Програмата е составена од филмови со различни жанрови и филмски стилови, како и филмови кои успешно пливаат по повеќе жанрови како што се филмот „НЕВИДЛИВ“, на Димитрис Атанитис, кој во основа е социјална драма, но режисерот прилично експериментира со својата филмската нарација.

– Со сето ова сакам да потенцирам дека четвртото издание на Грчкиот филмски фестивал во Скопје и Битола, не само што ќе ја претстави и доближи грчката филмска уметност и култура до нас и ќе понуди длабок увид во истите, туку ќе даде и силен импакт во нашето општество, комуницирајќи теми кои реферираат на нашето современо општество, но и на жешки теми кои се актуелни во повеќе делови од светот, рече Јовановиќ.

Флорентиа Киортси, прв секретар за комуникација од канцеларијата за јавна дипломатија во амбасадата на Грција, се осврна на концепцијата на програмата на Фестивалот на грчки филм. Киорици информираше дека на отворањето ќе бидат прикажани „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос, краток филм, а по него следува трагикомедијата „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос.

Четвртото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје ќе се одржи од 7 до 9 април во Кинотеката, а од 8 до 10 април во Битола во киното Манаки. Го организираат Амбасадата на Грција и филмскиот фестивал Киненова. Секоја од трите вечери од 20 часот ќе има проекција на еден краток и на еден долгометражен филм.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.